17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови на Сарај, Студеничани, Кисела Вода…

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот и без електрична енергија ќе останат делови на Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Сопиште и на Центар.

Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од с. Глумово, дел од с. Сарај, с. Шишево, полициската станица во с. Глумово и фирмите „Адриус“ и „Бис-оил“ (општина Сарај), од 14 до 14.30 часот корисниците околу главниот влез на фирмата „Фруктал“ во с. Студеничани (општина Студеничани), од 9 до 12 часот корисниците од ул. 1513 во населбата Пинтија (општина Кисела Вода), од 9.15 до 13.30 часот корисниците од дел од с. Горно Соње, воениот објек во Горно Соње и месноста наречена Коштан (општина Сопиште) и од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Ганчо Хаџи Панзов (општина Центар)./Makfax

Спонзорирано: