20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени петмина поврзани со службеникот кој уби четворица колеги во париската полиција

Во Франција уапсени се пет лица поврзани со мажот кој месецов изврши смртоносен напад со нож во седиштето на полицијата во Париз, откри извор близок до истрагата и со тоа ги потврди претходните извештаи на тамошните медиуми.

Апсењата се случиле во париското предградие Вал д’Оиз.

Мајкл Харпон, 45-годишен информатичар, кој минал на тестовите за безбедност и стабилност на личноста, уби тројца полицајци и еден вработен во париска полициска станица на 3. октомври пред да биде застрелан од друг полицаец.

Харпон е роден на францускиот остров Мартиник и работел во полициското седиште неколку години. Тој пред 10 години го прифатил исламот како своја религија.

Минатата недела три извора блиски до полицијата открија дека француската полиција повторно отворила внатрешна истрага против висок полициски службеник под сомнение за фаворизирање на исламот./Makfax

Спонзорирано: