Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Уапсен словенечки полицаец против шверц на дрога кој одгледувал марихуана

Вработен во словенечката криминалистичка полиција од Копер кој бил вклучен во откривање и сузбивање на нелегална трговија со наркотици, е уапсен откако било откриено дека одгледувaл индиски коноп, по што е во куќен притвор.

Како што пренесува хрватски „Индекс“ ваквото откритие ги шокирало неговите довчерашни колеги.

Криминалистот Матјаж Хорватин, бил уапсен на почетокот од минатата недела и веќе е пуштен од затвор во куќен притвор, а неговата адвокатка тврди дека конопот го одгледувал како лек за здравствените проблеми на неговиот 67-годишен татко и неговата партнерка, јавија словенечките медиуми.

Според порталот „Регионал“ од Копер, полицаецот е осомничен за кривично дело производство и трговија со недозволена дрога, а полициската директорка Татјана Бобнар потпишала решение за вонредно раскинување на договорот за вработување, а одземено му е и службеното оружје и забранет пристапот до службената полициска евиденција.

Според извештаите на медиумите, во куќата на неговиот татко во областа на Копер биле пронајдени осум стебла коноп, а во викендицата на полицаецот пронајдена е и мала количина сушена марихуана.

Долго време Хорватин се бавел со откривање и сузбивање на трговија со дрога, па неговите колеги се шокирани од неговата вмешаност во производството на наркотици и го осудуваат неговото постапување спротивно од полицискиот кодекс./Makfax

Во тренд…