4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанскиот суд издаде наредба за апсење на Пучдемон

Врховниот суд во Шпанија издаде европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон.

Според информациите, налогот е издаден откако судот претходно ги осуди каталонските сепаратисти на затворски казни од 9 до 13 години, поради нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Стотици студенти и јавни службеници се собраа денес на протести во неколку делови на Барселона по затворањето на сепаратистичките лидери во Каталонија./Makfax