21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Протести во Барселона по пресудата за сепаратистичките лидери

Стотици студенти и јавни службеници се собраа денес на протести во неколку делови на Барселона по затворањето на сепаратистичките лидери во Каталонија.

Демонстрантите блокираа некои патишта во Барселона, а јавните службеници излегоа пред своите канцелариски згради.

„Денес се прекршени сите нивни права. Страшно е што Европа не реагира. Не сакам да бидам Европеец, не сакам да бидам Шпанец“, рече еден од демонстрантите.

Протестите биле организирани и во други градови во североисточниот регион.

Шпанскиот Врховен суд осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на казна затвор од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пучдемон, кој избега во Шпанија со неколку други членови на неговата поранешна влада, ја критикува пресудата нарекувајќи ја свирепа./Makfax

Спонзорирано: