13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Еквадор и домородците постигнаа договор

Еквадорскиот претседател Ленин Морено и водачите на домородното население постигнаа договор за прекин на протестите, во кои загинаа седум лица и кои ја парализираа економијата на земјата во последните две недели.

Протестите започнаа по одлуката на претседателот Ленин Морен да ги укине субвенциите за гориво во замена за заем од ММФ, што предизвика нагло зголемување на цената на горивото.

Домородците и претседателот постигнаа договор за стопирање на најавениот пакет за штедење./Makfax

Спонзорирано: