11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осудени каталонските сепаратисти во Шпанија

Девет каталонски сепаратисти се осудени од Врховниот суд на Шпанија на казна затвор од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување независност во 2017 година.

Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добиле затворски казни.

Веќе е објавено дека обвиненијата за бунт, за кои се изрекува 25-годишна затворска казна, ќе бидат претворени во поблаги обвиненија за бунт.

За време на судењето, каталонските водачи се изјаснија дека се невини и дека им се судени од политички причини.

Сепаратистичките партии го повикаа народот во Каталонија на граѓанска непослушност доколку нивните водачи не бидат ослободени./Makfax

Спонзорирано: