15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обраќање на британската кралица: Приоритет е излез од ЕУ до 31. октомври

Приоритет на британската влада е да ја напушти Европската унија до 31. октомври, рече денес кралицата Елизабета Втора.

Говорејќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон да работи на ново партнерство со Европската унија, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа додаде дека британската влада по напуштањето на ЕУ ќе обезбеди земјата да продолжи да има водечка улога во светските состојби и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесе Би-би-си.

„Мојата влада ќе биде во првите редови во решавањето на најсложените меѓународни безбедносни проблеми“, рече кралицата.

По говорот, кралицата Елизабета Втора се врати во Бакингемската палата, а меѓу присутните во парламентот беше и поранешната премиерка Тереза Меј./Makfax

Спонзорирано: