16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Грчки полицаец си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол во атинско кафуле, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил настанот и побарал да го најдат полицаецот, објавија грчките медиуми.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина, туку не се ни вратил да го побара.

„Ве молам, ќе можете да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави овде чантата со службениот пиштол, да дојде да ја земе?“, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата.

Медиумите пишуваат дека ова е еден од неколку случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период./Makfax

Спонзорирано: