13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ја повика Турција да го почитува меѓународното право

Лидерите на ЕУ разгледуваат проширување на ембаргото на оружје против НАТО сојузникот Турција во знак на протест поради нејзината офанзива против курдските сили во северна Сирија.

Холандскиот министер за надворешни работи, Штеф Блок изјави дека напад врз соседна земја е против меѓународното право и дека Турција, како и секоја друга држава, мора да го почитува меѓународното право. Блок ова го изјавил на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Луксембург.

Германија, Франција и Холандија веќе ја суспендираа продажбата на оружје на Турција.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив ле Дријан ги повика САД да свикаат состанок на меѓународната коалиција против Исламска држава, предупредувајќи дека хаосото што го предизвика турската офанзива би можел да ја оживее опасноста од терористички групи.

Сириските Курди беа клучен сојузник на коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава./Makfax

Спонзорирано: