11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

14 лица загинаа во нападите на турските сили во Сирија

Најмалку 14 лица загинаа, меѓу кои и петмина цивили, во нападот на турските сили врз еден конвој во кој имало и странски новинари, во непосредна близина на градот Рас ал Аин.

Сирискиот Центар за набљудување на човековите права со седиште во Лондон, информираше дека во нападот се ранети уште најмалку 10 лица. Во нападот кај Рас ал Аин бил погоден конвој со луѓе кои се движеле кон градот Камишли за да им дадат поддршка на жителите на Рас ал Аин, кој веќе со денови е цел на турската офанзива врз позициите на Курдите, пренесуваат британските медиуми.

Според известувачот на телевизијата „Франс 2“, во моментот на нападот во конвојот имало и повеќемина странски новинари./Makfax

Спонзорирано: