11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вработена во казино заработи кривична, без покритие уплатила 474,888 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(22) од Скопје поради постоење основи за „затајување“ и против Ш.Н.(33) од селото Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ во врска со „поттикнување“ и ,,соизвршителство“.

„Во јули, во казино во Скопје првопријавената како вработена во казиното, во повеќе наврати извршила уплати на пари на повеќе апарати без покритие, додека второпријавениот со планирање на начинот и во договор со првопријавената, истата ја поттикнал во негова корист да уплати парични средства без покритие во вредност од 474.888 денари“, јави МВР./Makfax

Спонзорирано: