Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Од Сирија побегнале 785 жени и деца на припадници на Исламска држава

Најмалку 785 жени поврзани со т.н. Исламската држава и нивните деца го напуштија кампот, кој го чуваа сириски курдски сили на северот на земјата, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Директорот на организацијата Рами Абдулахман рече, повикувајќи се на извори од кампот Аин Иса, дека таму владее анархија.

Официјален претставник на сириските демократски сили рече дека тие немаат доволно чувари во кампот Аин Иса за да ги спречат на бегство членовите на семејствата на припадниците на терористичката Исламска држава, кои престоуваат таму.

„Чувањето на кампот веќе е ослабено, бидејќи силите мораше да бидат испратени на фронтот, а ситуацијата дополнително се влоши кога во близина паднаа гранати испукани од турските сили, поради што останатите лица побегнаа“, рече портпаролот на сириските демократски сили Марван Камишло.

Тој додаде дека во кампот останале 60-70 чувари, додека во нормални околности нема помалку од 700.

„Во кампот има околу 12.000 раселени лица, меѓу нив и членови на семејствата на милитантите од ИД. Идеално, во кампот би требало да има 1.500 чувари“, рече Камишло./Makfax

Во тренд…