Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Убиство пред кафеана во Сараево: Убиена младата пејачка Елма – убиецот и жртвата седеле заедно пред локалот

Утринава во Сараево се случило убиство пред кафеаната „Кај амиџе“ дознава Аваз.

„Детали за случајот во момнтов немаме. Вештак од судската медицина и припадници на МВР Кантонот Сараево тргнаа на увид. Најверојатно станува збор за убиство. Со увид наскоро ќе започне и дежурната обвинителка“, рекол портпаролот на Обвинителството во Сараево.

Како што дознава Аваз, жртва е 25-годишната Елма. Таа е позната како пејачката Елма Милано. Извор за Аваз вели дека синоќа во кафеаната била организирана музика во живо, а дека девојката пед кафеаната била застрелана со огнено оружје.

Според засега непотврдени информации, наводно девојката била убиено од своето момче.

Убиството се случило пред два часа, а наводно момчето и девојката седеле заедно во угостителскиот објект.

Полицијата привела неколку лица со цел да го расветли случајот.