4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција ќе продолжи со операцијата и покрај предупредувањата од САД

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека воената операција во Сирија ќе продолжи и покрај предупредувањата од САД за можни санкции.

Портпаролот Хами Аксој изјави дека Анкара ги известила САД на сите нивоа за нејзината операција против сириските курдски борци. Рече дека Турција се бори против терористичка организација што претставува закана за нејзината национална безбедност.

Претходно, американскиот министер за финансии Стивен Мнучин ја предупреди Турција дека може да се соочи со „моќни санкции“ поради сириската офанзива и дека САД ќе ја „згаснат турската економија“ доколку Анкара претера со акциите во Сирија.

Единиците на сириските Курди беа сојузници на САД во борбата против терористичката Исламска држава, но Турција ги смета за терористи заради врските со курдските бунтовници во Турција./Makfax