Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто надомест за невработеност од 350 на 530 евра.

Со тоа, нето износот би се изедначил со миналната плата во земјата, која изнесува 402 евра.

Извршната власт во Словенија ги менува и условите за утврдување на траењето на паричниот надомест за невработени, со цел активирање на постарите жители кои се невработени.

Според новиот предлог, паричниот надомест во траење од 19 месеци ќе им биде исплатен на осигурениците постари од 53 години кои ги исполнуваат условите за осигурување подолго од 25 години.

Паричниот 25-месечен надомет би им бил исплаќан на осигурениците на возраст од 58 години со стаж подолг од 28 години./Makfax