Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Се сруши хотел во изградба во САД, има повредени

Најмалку три лица се хоспитализирани денеска, поради рушење на дел од хотел во изградба, во Њу Орлеанс.

Според пишувањата на локалните медиуми, повредени се повеќе лица.

Агенцијата „АП“ пренесе дека голем дел од хотелот „Хард Рок“ кој бил во изградба, ненадејно се срушил.

Како што се наведува, повисоките катови почнале да се рушат врз ниските од едната страна на зградата.

Засега не е познато што го предизвикало рушењето на хотелот кој требало да биде отворен на пролет, идната година./Makfax