Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Курдите негираат дека е заземен пограничен град во Сирија

Курдските Сириски демократски сили (СДФ) негираа дека силите поддржани од Турција ја презеле контролата над центарот на градот Рас ал Ајин, во североисточна Сирија.

Тие тврдат дека турските сојузници влегле во дел на Рас ал Ајин, што е индустриски округ, а по повеќечасовно гранатирање што довело до тактичко повлекување./Makfax