Секогаш во средиштето на збиднувањата...

,,Гардијан“ состави листа на 100 најдобри филмови на 21 век

Познатата веб-страница „Гардијан“ собра пет реномирани филмски критичари кои заедно составија листа на 100. најдобри филма за 21 век.

На прво место се најде филмското остварување на Пол Томас Андерсон, „Ќе има крв“. Ова ремек дело од 2007 година го следи животот на Даниел Плејнвју, кој го глуми неверојатниот Даниел Деј-Луис, кој од пропаднат копач на сребро се издигнува во тајкун во текот на нафтениот бум во Калифорнија кон крајот на 19 век.

Филмот настанал како слободна интерпретација на романот „Олил!“ на Аптон Синклер од 1927 година, за кој велат дека денес е поактуелен отколку кога бил објавен. Даниел Деј-Луис доби и „Оскар“ за неговата книга, а критичарите на „Гардијан“ го споредуваат неговиот лик со Трамп, поради ексцентричните испади во јавноста.

Останатите филмови што се најдоа на оваа листа се : на второт место „12 години ропство“ (2013), „Детство“ (2014), „Под кожа“ (2013), „Расположени за љубов“ (2000), „Скриено“ (2015), „Синегдоха, Њујорк“ (2008), „Месечева светлина“ (2016), „Зама“ (2017) и „Тим Америка: Светска полиција (2004)./Makfax