13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два земјотреси со интензитет над 4 степени го погодија Закинтос

Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,2 степени го погодија денеска грчкиот остров Закинтос, што ги вознемири туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот, на длабочина од 20 километри, додека епицентарот на вториот бил исто во морето западно од островот, на длабочина од 9,2 километри.

Грчкиот сајт „Катимерини“ потсети дека островот во октомври минатата година го стресе земјотрес со јачина од 6,4 степени што причини голема материјална штета./Makfax

Спонзорирано: