10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во кривичниот суд повикани новите осомничени за „Рекет“

Денеска ќе бидат повикани во судот останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Бојан Јовановски, „Меѓународен сојуз“, откако вчера заменик-претседателка на невладината, Јасна Мандиќ, беше донесена во кривичниот суд, при што ѝ беше определена мерката куќен притвор.

Од кривичниот суд преку соопштение синоќа информираа дека лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, се повикани во текот на денешниот ден да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно соопшти дека истрагата е проширена и донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други придонеси од казниво дело“.

Денеска ќе биде поднесено и обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Вилма Русковска кажа дека за најновата истрага не биле користени ПИ-мерки и дека ќе бара продолжување на притворот за Јанева, Јовановски и Милески./Makfax

Спонзорирано: