12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турските сили „исчистија“ две села, Курдите возвраќаат

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските сили ги прошириле целите веќе втор ден од офанзивата против курдската милиција во северна Сирија.

Според турските медиуми, две сириски села во пограничното подрачје се „исчистени од терористи“.

Во исто време, курдските единици се одмаздија, при што загинаа 14 турски војници во судирите во близина на Рас ал-Аџин. Според ТАСС, Курдите тврдат дека уништиле четири турски тенкови на влезот во Тел Абијад, при што загинаа пет војници.

Курдските борци отворија оган од нивните позиции во близина на сирискиот град Рас ал-Аџин, на што возврати турската артилерија./Makfax

Спонзорирано: