21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската војска извршила напади на 181 мета во Сирија

Турското Министерство за одбрана објави турките сили во рамки на акцијата ,,Извор на мирот” на северот на Сирија досега извршиле напади врз 181 мета на терористичките организации. Нападите биле извршени со воздушни сили но и со дрога воена поддршка.

Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална армија (СНА) вчера ја започнаа операцијата ,,Извор на мирот”, за која се наведува дека е со цел ,,да го врати мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор којшто терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција”.

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствената цел во рамките на операцијата. Тие наведуваат дека операцијата се спроведува во согласност со меѓународните законски стандарди и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на борбата против тероризмот.

Спонзорирано: