12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец под истрага за поседување оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против скопјанец поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 октомври, во близина на трговскиот центар „Мавровка“, при извршен преглед кај осомничениот 30-годишен скопјанец биле пронајдени 19,47 грама марихуана. Истиот ден, при претрес во неговиот дом на улица Волгоградска, било утврдено дека тој кај себе држел поголемо количество оружје и муниција – еден пиштол марка „P.Beretta 950 B” со калибар 6,35 со една празна рамка, еден револвер „Z.Brno“ модел Grand, шест куршуми – муниција кратко зрно со калибар 6,35 наменета за испалување од огнено оружје – полуавтоматски пиштоли, 15 куршуми муниција со калибар 38 Special наменета за испалување од огнено оружје – револвер, како и 322 куршуми – муниција долго зрно со калибар 7,62Х39 мм.
Ценејќи дека се исполнети основите предвидени во Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти Обвинителството./Makfax

Спонзорирано: