23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сирија со три проектили ѝ возврати на Турција, се водат жестоки борби на границата

Три проектили истрелани од сириска територија паднале синоќа во турскиот пограничен град Акчакале, јави Си-ен-ен Турк.

Нема информации за жртви, а предизвикана е материјална штета врз неколку куќи во градот.

Проектилите биле истрелани ноќеска, неколку часа по почетокот на воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија насочена против курдските борци.

Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14. октомври заради воената опоерација.

Денеска во тек се жестоки борби меѓу турските трупи и борците на сириските демократски сили во селата на границата меѓу двете земји, изјави курдски претставник.

„Жестоките борби продолжуваат додека турските сили се обидуваат да влезат во селата на границата“, рече Мур Камишло, портпарол на сириските демократски сили, организација предводена од сириските Курди.

Турското Министерство за одбрана претходно објави дека копнените сили на земјата продолжиле да напредуваат кон курдските борци во северна Сирија./Makfax

Спонзорирано: