18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Селанец од Љуботен тешко повреден при обид рачно да стартува мотор на трактор

Жител на селото Љуботен на возраст од 76 години е тешко повреден и пренесен во болница откако се обидел рачно да стартува мотор на трактор.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 9 октомври на местото викано Јарзиц, во атарот на скопското село.

76-годишникот рачно стартувал мотор на трактор „ИМК 539“, при што истиот се придвижил кон него, нанесувајќи му тешки повреди.

Селанецот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош./Makfax

Спонзорирано: