9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД ги префрлиле најопасните исламисти од Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави префрлиле некои од најопасните борци на Исламска држава, заглавени во северна Сирија, на непозната локација за да можат „да внимаваат на нив“ додека трае воениот упад на Турција во областа.

Меѓу нив, според неименувани американски официјални лица, се двајца озлогласени британски борци познати по прекарот „Буби“ поврзани со убиството на западните заложници, пренесува „Ројтерс“.

„Вашингтон пост“ објави дека тие се пренесени во американски воен затвор.

Турските трупи ја нападнаа северна Сирија за да ги потиснат курдските борци кои ги сметаат за терористи, откако САД објавија дека се повлекуваат од тој дел на Сирија.

Курдите исто така држат илјадници борци на Исламска држава во затвор и има загриженост дека тие би можеле да бидат ослободени доколку курдските сили ги остават своите позиции.

Трамп, наводно, не кажал колку милитанти биле пренесени од северна Сирија, ниту на која локација се наоѓаат сега./Makfax

Спонзорирано: