Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Мигрант осуден за убиство на девојче се обесил во германски затвор

Авганистански мигрант осуден за убиство на 15-годишно девојче во Германија е пронајден обесен во неговата затворска ќелија.

Младиот човек, идентификуван како Абдул Д., бил осуден на осум години затвор.

Неговото тело е пронајдено во затвор за малади сторители во Шиферштад, Германија.

Во затворската изјава се вели дека тој не покажувал самоубиствени тенденции.

Авганистанецот прободел 15-годишно девојче во аптека во северозападна Германија во 2017 година, а злосторството предизвика протести и дебати за растечкото насилство извршено од мигранти во таа земја./Makfax