19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Ќе се разбудам ли пак“ – концерт во Филхармонија

„Ќе се разбудам ли пак“ е насловот на концертот на Филхармонија што ќе се одржи в четврток (17 октомври) во 20 часот. На овој концерт публиката ќе има можност да чуе дела од од Дебиси, Копланд и Коларовски.

Насловот на концертот е извлечен од истоимениот вокален циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на овој концерт. Со нејзината изведба Филхармонија ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор. Како солист во изведбата на ова дело ќе настапи басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони при хорот „Проарс“.

Под диригентката палка на маестро Сашо Татарчевски ќе прозвучи и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд во изведба на исклучителниот шпански кларинетист Пабло Бараган! На овој концерт Бараган ќе го чуеме како солист и во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси.

Билетите се веќе достапни./Makfax

Спонзорирано: