9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган ѝ се закани на Европа: Ќе ви пратиме 3,6 милиони сириски бегалци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во Европа ќе ги прати 3,6 милиони сириски бегалци кои се наоѓаат во Турција, доколку европските земји ја прогласат турската воена интервенција во Сирија за окупација.

„Ќе ги отвориме вратите и ќе ви испратиме 3,6 милиони бегалци“, рече Ердоган во говорот пред своите членови од Партијата за правда и развој.

„Тие не се искрени, само измислуваат“, кажа турскиот претседател, осврнувајќи се на критиките за Турција. Тој особено ги издвои Саудиска Арабија и Египет.

На властите во Саудиска Арабија им порача да се погледнат во огледало кога ја критикуваат турската инвазија и ги праша кој го донел Јемен во состојбата во којашто е сега.

Ердоган рече дека турската воена операција го поддржува територијалниот интегритет на Сирија така што ќе ја задуши курдската контрола на североистокот од земјата.

Турскиот претседател додаде дека 109 терористи се убиени од почетокот од вчерашната инвазија./Makfax

Спонзорирано: