Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Арапската лига на итен состанок за турската офанзива

Арапската лига ќе има итен состок в сабота по барање на Египет во врска со турската офанзива во североисточна Сирија. Арапската лига, во која членуваат 22 земји, вклучувајќи ги Египет, Ирак и Саудиска Арабија, соопшти дека средбата ќе се одржи на министерско ниво и ќе се разговара за турската агресија врз сириска територија.

Египетското Министерство за надворешни работи вчера остро ја осуди турската агресија против сириската територија, истакнувајќи дека офанзивата „е флагрантен и неприфатлив напад врз суверенитетот на братска арапска земја“.Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во телефонски разговор со неговиот ирачки колега Бархам Салих порачал дека ттурската агресија е опасен развој што го загрозува меѓународниот мир и безбедност и ја влошува кризата во регионот.