14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Тројца професори ја делат Нобеловата награда за хемија

Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2019 година. Тие се наградени за развој на литиум-јонски батерии.

Џон Б Гуденуф, М Стенли Витингем и Акира Јошино ја делат наградата за нивната работа на овие уреди што можат да се полнат, кои се користат за преносна електроника.

Литиум-јонската батерија е лесна, моќна и може да се полни, а се користи во сè, од мобилни телефони до лаптопи.

Нобеловиот комитет соопшти дека уредот „создал свет на полнење“.

На возраст од 96 години, професорот Гуденуф е најстарата личност што ја освоила оваа награда. Лауреатите ќе поделат 9 милиони круни или 738.000 фунти. Наградите беа објавени во Кралската шведска Академија на науките во Стокхолм./Makfax

Спонзорирано: