Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Руските пратеници ќе ги прекинат патувањата во САД по инцидентот со сослушувана пратеничка

Pixabay

Посетите на членовите на руската Државна дума на САД ќе бидат суспендирани сè додека не се разјасни инцидентот со руската пратеничка Инга Јумашева, која беше приведена на аеродромот во Њујорк и испрашувана од ФБИ, информираше помошничката на спикерот на Думата, Анастасија Кашеваров, на својот канал на „Телеграм“.

„Имајќи го предвид инцидентот што се случи за време на посетата на пратеничката Инга Јумашева, нашите пратеници ќе ги прекинат патувањата во САД. Работните патувања во САД ќе бидат суспендирани сè додека американските власти не објаснат зошто Јумашева беше испрашувана еден час од ФБИ на аеродромот во Њујорк и сè додека не се извинат“, напиша Кашеварова.

Таа истакна дека ваквиот третман на руски пратеник од страна на претставници на други држави е неприфатлив.

Претходно, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека Јумашева, која пристигна на Форумот за дијалог „Форт Рос“, е приведена на њујоршкиот аеродром од агент на ФБИ и испрашувана околу еден ча во изолирана просторија.

„Покрај тоа, ѝ било предложено да се сретне со агентот на ФБИ во понеформално опкружување за да ја продолжи таа интеракција“, додаде Антонов.

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, во понеделникот рече дека Јумашева дала значаен придонес во развојот на односите меѓу американскиот Конгрес и руската Државна дума. Според него, за инцидентот со Јумашева може да разговара и во Советот на Државната дума, кој потоа ќе размисли за воведување мерки за избегнување на ваквите ситуации во иднина./Makfax

Во тренд