Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Рохани ја повика Турција на воздржаност во Сирија

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, ја повика денеска Турција да покаже воздржаност и да избегне воена акција на северот во Сирија.

Тој истовремено порача дека американските сили треба да го напуштат регионот.

„Турција со право е загрижена за својата јужна граница. Веруваме дека треба да се пронајде вистински начин за да се отстрани таа загриженост. Американските сили мора да го напуштат регионот. Курдите во Сирија треба да ја поддржат сириската војска“, изјави Рохани, а пренесе иранската агенција „ИРНА“.

Турските сили се подготвуваат по повлекувањето на американската војска да влезат во северна Сирија./Makfax