Најмалку две лица загинаа во пукање што се случило пред синагогата во градот Хале, Германија, јавува АФП, повикувајќи се на локалната полиција. Според неофицијални информации, една од жртвите е жена.
На официјалниот твитер-профил на полицијата во Хале пишува дека сторителот е во бегство и дека потерата е во тек.
Напаѓачот пукал со автоматски пиштол, убил едно лице, а повредил неколку други пред да избега, јавуваат локалните медиуми.
Истите извори наведуваат дека и на еврејските гробишта е фрлена рачна граната./Makfax
Спонзорирано: