15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Еквадор поради протестите се отсели од главниот град

Илјадници Еквадорци денеска протестираа во главниот град Кито, од каде претседателот, Ленин Морено, го премести својот кабинет поради антивладините протести и судири.

Земјата е погодена од тешка криза и целосен прекин на јавниот превоз и блокади на патиштата.

Во Еквадор насилството трае со денови, а почна минатата недела по одлуката на Морено да ги намали субвенциите доведе до нагло зголемување на цената на горивата. Додека противниците ја обвинуваат владата на Морено за кршење на човековите права, тој објави на државната телевизија дека неговата влада се преместува од Кито во пристанишниот град Гвајакил.

Морено рече дека нема да се откаже од укинување на субвенциите, како дел од договорот со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)./Makfax

Спонзорирано: