16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пентагон ja разубедува Турција да не ја напаѓа Сирија, Трамп веќе го предупреди Ердоган

Пентагон соопшти дека сè уште се обидува да ја разубеди Турција од инвазијата на североисточна Сирија.

Соединетите Држави не ја одобруваат воената операција на Турција во Сирија и нема да ја поддржат, се вели во соопштението на портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Хофман истакна дека американскиот министер за одбрана Марк Еспер и генералот Марк Мили, началник на Здружениот штаб на американската армија, им кажале на турските колеги дека едностраната воена акција во курдската област на Сирија „претставува ризик“ за Турција.

Пентагон, со своите сојузници и коалициони партнери, повторно ќе ѝ пренесе во Анкара дека нејзината евентуална воена операција во Сирија може да има „дестабилизирачки последици“ врз Турција и регионот, рече Хофман.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно го предупреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе се најде во „голема неволја“ доколку еден американски војник биде повреден во делови од Сирија што Турција планира да ги нападне.

„Ако некој од нашите луѓе се повреди, тоа ќе биде голема неволја“, му рече Трамп на Ердоган, кој разговараше со него по телефон во неделата./Makfax

Спонзорирано: