3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Лавров: САД играат „многу опасна игра“ со сириските Курди

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини Соединетите Држави дека играат „многу опасна игра“ со сириските Курди, чии борци беа најголеми сојузници на САД во војната против таканаречената Исламска држава во Сирија.

Лавров за време на посетата на Казахстан рече дека САД првично ја поддржувале „квази-државата“ на сириските Курди во североисточна Сирија и сега им ја откажуваат поддршката.

„Ваквата безмилосна позиција за ова крајно чувствително прашање може да го запали целиот регион и ние мора да го избегнеме тоа по секоја цена“, рече Лавров, пренесуваат руските агенции.

Шефот на руската дипломатија ги повика Дамаск и сириските Курди на дијалог.

Според „Ројтерс“, Лавров исто така рече дека територијалниот интегритет на Сирија мора да биде зачуван.

Портпаролот на турскиот претседател изјави денеска дека турските сили наскоро ќе влезат во Сирија./Makfax

Спонзорирано: