Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Германија усвои мерки за заштита на климата

Германската влада денес ги усвои мерките за заштита на климата со цел драстично да се намалат емисиите на стакленички гасови.

Со тоа се останува на реализацијата на плановите на германската канцеларка Ангела Меркел за усвојување пакет-мерки за заштита на климата оваа година.

Германската министерка за животна средина Свена Шулце ја објави на „Твитер“ одлуката за усвојување на мерките, кои ќе бидат внесени во Законот за заштита на климата.

„Конечно, постојат обврзувачки правила за заштита на климата – и тоа е добра работа. Долго време се борам за тоа и јас сум среќна што беше одобрено денес“, напиша Шулц на „Твитер“.

Додека Меркел и нејзините министри беа на седница на владата, стотици активисти за заштита на климата и членови на „Екстинкшен ребелион“ блокираа мост во близина, на третиот ден од глобалните протести со цел да извршат притисок врз владите да преземат повеќе драстични активности за борба против глобалното загревање.

Во извештајот минатиот месец научниците на Обединетите нации предупредуваа дека ако светот не ги намали емисиите на стакленички гасови, градовите ќе исчезнат заради зголемувањето на нивото на морето, сушењето на реките и уништувањето на морскиот живот.

Меркел, соочена со критики дека нејзините мерки се неамбициозни, вети оваа недела дека климатскиот пакет ќе вклучува механизам со кој ќе се следи почитувањето на ограничувањето на емисиите за одделни сектори./Makfax