15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Четириесет пожари беснеат во Австралија, изгореа над 30 куќи

Околу 500 пожарникари се борат против пожарите кои се надвор од контрола на истокот во Австралија, а досега изгореа 30 куќи, пренесуваат австралиските медиуми.

Над 40 пожари избија во Нов Јужен Велс. Температурите денеска се пониски, а пожарникарите вчера имаа проблем поради силниот ветер.

Најмногу е погодено селото Рапвил, каде живеат 250 жители, а некои од нив ноќта ја поминаа во училиштата. Се претпоставува дека во тоа село пожарот намерно е предизвикан.

Претставник на локалната противпожарна служба, Мајкл Брет рекол дека о таа област била забележана „сомнителна активност“. Како што се наведува, изгореле 100.000 хектари нискостеблеста шума, а дожд се очекува в петок.

Неколку луѓе се пренесени во болница поради помали изгореници и проблеми со дишењето. Точниот број на повредени не е познат. Австралискиот премиер, Скот Морисон оцени дека ситуацијата е опасна./Makfax

Спонзорирано: