Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Чавушоглу: Турција ќе ги информира сите за офанзивата во Сирија

Турција ќе ги извести сите релевантни земји, вклучувајќи ја и сириската влада за планираната офанзива на североистокот од Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Говорејќи на конференцијата за новинари во Алжир, Чавушоглу истакна дека операцијата ќе биде изведена во согласност со меѓународните закони и единствена мета на офанзивата ќе бидат екстремистите во регионот.

Турскиот министер за надворешни работи рече дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го известил американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот дека Анкара ќе покрене офанзива, откако Вашингтон ги сопрел напорите за создавање „сигурна зона“ во тој регион./Makfax

Во тренд