11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа нема да соработува во истрагата за импичмент на Трамп

Белата куќа официјално одби да соработува во истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Во писмо испратено до демократските лидери се наведува дека истрагата е неоснована и неуставна.

Писмото е испратено до лидерот на Демократската партија и претседател на Конгресот, Ненси Пелоси, и до тројца претседатели на Демократски комитети. Во писмото стои обвинување дека токму овие лидери поставиле истрага што „ја нарушува основната правичност и уставно овластениот процес“.

Три комитети предводени од демократите го испитуваат Трамп.

Истрагата се обидува да открие дали претседателот ја задржал помошта за Украина, за да ја натера да го испита Бајден, кој се кандидира на следните претседателски избори.

Писмото од Белата куќа е испратено неколку часа откако администрацијата на Трамп го блокираше присуството на американскиот амбасадор во ЕУ, пред истрагата за импичмент на Конгресот.

Спонзорирано: