3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција е подготвена за евентуална воена операција во Сирија

Турското Министерство за одбрана соопшти дека се е подготвено за евентуална воена операција во Сирија. Како што се додава во соопштението, воспоставувањето на „безбедносна зона“ е основно за мир и стабилност во регионот како и за тоа Сиријците да живеат во мир.

Во меѓувреме, САД соопштија дека нема да почнат со целосно повлекување од Сирија. Според неименуван претставник на администрацијата во Вашингтон, само околу 50 војници се преместени во границите на државата за да се избегнат штети.

„Тоа не претставува повлекување од Сирија, нагласи тој во изјава за американски медиуми. Тој додал дека Пентагон и објаснил на турската страна дека целосна инвазија би била „лоша идеја“ и Анкара ќе биде одговорна за евентуална хуманитарна криза или повторни напади од ИД. Претставникот додава дека одлуката на претседтаелот Доналд Трамп не значи и зелено светло за убивање Курди“./Makfax

Спонзорирано: