6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лендваи: Загрижува идејата на Курти за повторно обединување со Албанија

Она што загрижува по изборите во Косово е политичката програма на Албин Курти за повторно обединување со Албанија, предупредува австрискиот аналитичар Пол Лендваи.

Фактот дека ЕУ е парализирана од драмата околу брегзит и дека дискредитираната американска администрација повеќе не дејствува како сидро на стабилноста на Балканот, ѝ дава посебна експлозивност на победата на великоалбанските националисти во Приштина, додава Лендваи.

Лендваи, во коментарот објавен во виенскиот весник „Стандард“, рече дека причината за загриженоста за стабилноста на Косово, вклучувајќи го и регионот, не е политичката активност на Албин Курти на „внатрешен план“, туку неговиот постојан националистички курс за обединување со Албанија.

И покрај етничката и јазичната разновидност на Албанците кои живеат во четири балкански земји, како и околу 1,5 милион во дијаспората, сонот за Голема Албанија останува често незабележан политички и емотивен фактор, вели тој.

Покрај тоа, повремените изјави на албанскиот премиер Еди Рама не треба да бидат занемарувани, забележува Лендваи.

Тој исто така посочува дека замрзнат конфликт може да предизвика судири во секое време./Makfax

Спонзорирано: