11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бојан Јовановски треба да даде исказ, заврши увидот во доказите

Бојан Јовановски денеска со полициска придружба од затворот во Шуто Оризари треба да даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Увидот во доказите заврши и сега првоосомничениот во случајот „Рекет“, познат како Боки 13 треба да ја каже својата одбрана за овој случај. Нема информации кога ќе даде исказ поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во истиот случај.

Одбраната на Јанева и Јовановски петнаесетина дена вршеше увид во доказите. Пред две недели во Обвинителството беа донесени двајцата, но побараа првин да ги видат доказите што ги има собрано Обвинителството против нив, па потоа да дадат исказ.

Јовановски минатата недела побара да му биде укинат притворот и да оди во домашен притвор, но неговата жалба беше одбиена, со образложение дека има опасност од бегство. Зоран Милески – Кичеец беше пуштен во домашен притвор. Неговиот исказ Обвинителката Вилма Русковска, беше единствениот доказ кој не им беше даден на увид на другите обвинети и нивната одбрана.

Случајот „Рекет“ беше отворен во мај годинава кога беа уапсени Јовановски и Милевски. По еден месец во притвор заврши и Јанева, под сомнение дека изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој го гонеше СЈО, со ветување дека ќе му ја прекинат истрагата за „Империја“./Makfax

Спонзорирано: