14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Историска победа на Српска листа на изборите во Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека Српска листа, поддржана од официјален Белград, на вчерашните предвремени избори во Косово, ја остварила најубедливата победа во својата историја, освојувајќи повеќе од 90 проценти од гласовите во сите српски средини. Тој додаде дека Србите во косовскиот парламент ќе имаат сјајна политичка застапеност.

„Србите покажаа голема зрелост и се обединија кога им беше најпотребно, покажаа дека можат да бидат заедно и обединети, да ја разберат својата земја“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србите ќе имаат „сјајна политичка застапеност во косовскиот парламент“ затоа што, како што рече, Српска листа ќе се бори за националните и државните интереси на Србија и за опстанокот на српскиот народ на Косово.

„Српскиот народ несомнено кажа кој сака да ги застапува нивните интереси“, рече Вучиќ и им порача на сонародниците во Косово дека секогаш можат да сметаат на својата земја.

Коментирајќи ги прелиминарните резултати од изборите на албанските партии, српскиот претседател рече дека е подготвен да разговара со легитимните албански претставници, без разлика кој и да е тоа.

Според последните податоци објавени на сајтот на Централната изборна комисија на Косово, на вонредните парламентарни избори на Косово најмногу гласови има освоено партијата Самоопределување на Албан Курти, партија која е во опозиција.

Спонзорирано: