15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Огромен питон тргна агресивно кон туристи во Јужна Африка

Туристи кои како дел од својата тура патувале кон одморалиштето Балито во Јужна Африка биле изненадени кога на нивниот пат се појавила џиновска змија.

Медиумите јавија дека огромен јужноафрикански питон запрел неколку автомобили што се движеле кон Мозамбик.

Веднаш штом возилата запреле, змијата се сoкрила под чамец кој бил нa еден од автомобилите.

Кога туристите се обиделе да ја повлечат змијата од под чамецот со лесно влечење за опашката, таа се качила на џип во кој имало луѓе, по што настанала општа паника, а ситуацијата е регистрирана и на видеозапис.

Спонзорирано: