13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Ќе ја уништам турската економија ако дејствува надвор од границите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека целосно ќе ја уништи и збрише економијата на Турција доколку Анкара направи нешто во Сирија што би било протолкувано како дејствување надвор од границите.

„Ако Турција направи нешто што јас по своја голема и неспорделива мудрост го сметам за надвор од границите, целосно ќе ја уништам турската економија (што сум го правел и претходно!)“, напиша американскиот претседател на „Твитер“.

Предупредувањето на Трамп кон својот сојузник во НАТО беше упатено веднаш кога Белата куќа го соопшти повлекувањето на американските војници од турско-сириските гранични реони./Makfax

Спонзорирано: