12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон: До 31 октомври ги спакуваме торбите и ја напуштаме ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон повтори дека неговата земја ќе ја напушти Европската Унија (ЕУ) до закажаниот датум, односно на 31 октомври годинава. Џонсон во колумна за британските весници „The Sun“ и „Sunday Express“ напиша: „ќе ги спакуваме торбите и ќе ја напуштиме ЕУ до 31 октомври“.

„Единствено прашање е дали Брисел весело ќе нè поздрави со заемен договор или ќе бидеме принудени да заминеме сами“, напиша британскиот премиер.

Џонсон инсистира на тоа дека Велика Британија ја напушти Европската Унија на 31 октомври со договор или без него, но Парламентот го усвои законот со кој од него се бара да се продолжи рокот доколку не се постигне договор.

Спонзорирано: