21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН повикаа на прекин на насилството во Ирак

Обединетите нации синоќа повикаа на прекин на насилството во Ирак каде петти ден по ред се одржуваат протести во кои загинаа скоро 100 луѓе, повеќето од нив демонстранти.

„Пет дена мртви и повредени… Тоа мора да запре… Оние што се одговорни за насилството треба да сносат одговорност“, напиша на „Твитер“ шефицата на Мисијата на ООН во Ирак, Жанин Хенис-Плашарт.

Комисијата за човекови права на ирачката влада соопшти претходно дека околу 100 лица, повеќето од нив демонстранти, биле убиени, а 4.000 повредени во антивладините протести што почнаа во вторникот.

Во повеќето случаи, демонстрантите биле убиени од огнено оружје, соопштија болнички извори, додавајќи дека загинале и шест полицајци./Makfax

Спонзорирано: